вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 139
home Вести

Попов: Шилегов потроши 420.000 евра за телефонска централа која не е инсталирана во Градската куќа и никој не знае каде е (ДОКУМЕНТИ)

Попов: Шилегов потроши 420.000 евра за телефонска централа која не е инсталирана во Градската куќа и никој не знае каде е (ДОКУМЕНТИ)

Петре Шилегов потрошил 420.000 евра за набавка на мрежна инфраструктура и ИП телефонија за потребите на Градската куќа на ул. Лазар Личеноски бб, која истиот ја продаде. Оваа телефонска централа за објектот на Градската куќа не е инсталирана во истата, ниту е забележан документ дека е продадена, изјави денеска за медиумите, Сергеј Попов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека ова се документите од кои се гледа дека Шилегов е потписник на договорот со Македонски Телеком вреден над 420.000 евра, за телефонска централа која сега не е во функција, ниту некој знае каде е и што се планира со неа.

 

– 420.000 евра пари на скопјани се потрошени за телефонска централа која не е во употреба, ниту некој знае каде е. Шилегов да излезе и веднаш да одговори каде е телефонската централа и дали се уште е во посед на Град Скопје, доколку не е каде е, колку пари ја продал или ја дал без надомест? Парите од телефонската централа се попусто потрошени пари, никој не знае каде е и дали е можеби продадена, но и каде се парите ако е продадена. Ова е ист случај како со парите добиени од продажбата на Градската куќа, вели Попов.

Тој додаде дека 12 милиони евра од продажбата на истата никаде ги нема и дека никој не знае каде се и на што се потрошени.

– Ова се сомнежи за огромни нерегуларности, за овие и за многу други набавки и плаќања ќе има детална истрага и ревизија по 31-ви октомври, ова е тоа што го плаши Петре Шилегов и СДСМ, и затоа се во паника, затоа навредуваат, малтретираат и шиканираат. Знаат дека по 31-ви октомври нема да можат да крадат и ги фаќа паника. Знаат дека одговорност ќе има, а еве и повторно им потврдуваме, да ќе има одговорност за сите ваши криминали и проневери, дециден е Попов.

 

Коронавирус