вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Попов: Програмата на ВМРО-ДПМНЕ се креира според потребите и идеите на младите и убеден сум дека се што ќе ветиме ќе исполниме, тоа сме го покажале

Попов: Програмата на ВМРО-ДПМНЕ се креира според потребите и идеите на младите и убеден сум дека се што ќе ветиме ќе исполниме, тоа сме го покажале

Ние ќе допреме до сите млади и ќе ги убедиме во нашите идеи, за да може да бидат срушени Заев и СДСМ од власт и да замине оваа нефункционална криминогена гарнитура, а убеден сум дека се што ќе вети ВМРО-ДПМНЕ ќе реализира. Ќе има грижа за државата, правда, подобро образование, подобра инфраструктура, подобри студентски домови и подобри услови за сите млади луѓе, изјави претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, за „Имам идеја“ на Радио лидер.

Попов истакна дека УМС и ВМРО-ДПМНЕ имаат план на сите можни полиња и на локални ќе понудат програма креирана со сите заинтересирани и засегнати страни и преку интеракција со младите, бидејќи УМС секогаш учествува во изработката на програмите и креирање на политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

– ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди економски мерки кои ќе ја подобрат климата за егзистенција на секој млад човек, ќе се намали младинската невработеност. Тоа ќе се случи на повеќе начини, преку отворање на инвестиции со тоа отворање на работни места, поттикнување и поддршка за млади да отворат свој бизнис, разни ослободувања и олеснувања за младите. Сето ова функционираше додека беше ВМРО-ДПМНЕ на власт, се отвораа илјадници работни места и се намали младинската невработеност, но со СДСМ буквално како времето да запре, рече Попов.

Во однос на проектите за здравите навики кои особено ги засегаат младите тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ како партија покажала дека води и ќе води грижа за здравиот начин на живот.

– ВМРО-ДПМНЕ изгради над 1000 спортски сали и мултинаменски игралишта, се изгради арената „Филип Втори“, се изградија спортските сали „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“ и уште безброј разни игралишта за низ целата држава за поттикнување на спортот и здравите навики кај младите. Иако ВМРО-ДПМНЕ претходно направи премногу и донесе одлични мерки за младите, СДСМ истите ги укина и ги стигматизира само затоа што не се нивни, во нивната матрица има неработа и немање на чесен пристап. Од се гледаат да извлечат корист, истакна Попов.

Најнови вести

Локални избори 2021