понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 62
home Вести

Попов: Општина Центар наместо да двои пари за коронакризата, ќе врши привремени вработувања во ек на кампања!

Попов: Општина Центар наместо да двои пари за коронакризата, ќе врши привремени вработувања во ек на кампања!

Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека општина Центар наместо да троши пари за справување со коронавирусот тие ќе потрошат пари за нови вработувања.

-На вчерашната седница на совет на Општина Центар беше изгласана одлука за пренамена на средства од ставката за детски градинки во ставката за привремени вработувања. Станува збор за 4 300 000 денари кои наместо во оваа криза во која се наоѓа државата да се искористат за справување со кризата со Ковид 19, ќе се искористат за привремени вработувања. Советничката група на СДСМ ја поддржа оваа одлука додека ние, како советничка група на ВМРО – ДПМНЕ не се согласивме со истата. Строго го осудуваме ставањето на партиските интереси со привремени вработувања токму пред претстојните избори, наспроти останатите неопходни потреби на граѓаните како и ветените, а неостварени цели како:
1. Дезинфенкција јавни површини (редовна а не 1 или 2 недели);
2. Посилна заложба и кампања за подигнување на свеста за препораките на СЗО;
3. Ветена градинка во Маџир Маало;
4. Ветена гасификација на Општината;
5. Зелени вертикални фасади итн…., стои во неговиот пост на Фејсбук.

На вчерашната седница на совет на Општина Центар беше изгласана одлука за пренамена на средства од ставката за детски…

Gepostet von Сергеј Попов am Freitag, 19. Juni 2020

 

Коронавирус