петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 160
home Вести

Попов: На Каевски не му е гајле за младите затоа што додека тој седи во удобната фотелја фирмата на неговите родители ниже државни тендери

Попов: На Каевски не му е гајле за младите затоа што додека тој седи во удобната фотелја фирмата на неговите родители ниже државни тендери

Три години СДСМ не може да ја заврши реконструкцијата на СД Гоце Делчев, која ја почна ВМРО-ДПМНЕ, рече на денешната прес-конференција Сергеј Попов од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-Блоковите А и Б се реконструирани во време на ВМРО-ДПМНЕ и пуштени во употреба. Блоковите В и Г стојат нереконструирани и неупотребливи. Дарко Каевски и СДСМ лажат кога велат дека нешто направиле. Три години ништо не направија. Да биде иронијата поголема, во нивната програма напишаа и од ова место ветија дека овде ќе има студентски град. Овде студентски град нема, а состојбата е полоша од кога било до сега. Каевски и неговата екипа ги лажеа младите и ништо не направија. На Каевски не му е гајле за младите затоа што додека тој седи во удобната фотелја фирмата на неговите родители ниже државни тендери. Лицемерието на Каевски е прочитано, а лицемерието на СДСМ е провидно. СДСМ не направи ништо за младите, а вети многу. СДСМ три години лаже. И сега пред избори повторно лаже, истакна Попов.

Тој додаде дека СДСМ нема повеќе кредибилитет. СДСМ мора да си замине. Доаѓа време за обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.