недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 105
home Вести

Попов: Младите се заборавени од владата на СДСМ, младите видоа само вработувања на млади по партиски клуч, а не по квалитет

Попов: Младите се заборавени од владата на СДСМ, младите видоа само вработувања на млади по партиски клуч, а не по квалитет

Оваа влада има еден синдром кој владее кај нив, тие прекинуваат се што направило ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е погрешна политика за една држава да се развива треба да има континуитет. Нив им беа полни устите со студентскиот стандард, со враќање на младите во Македонија, ветуваа студентски град, а а реновираа само две крила во студентскиот дом „Гоце Делчев“ чија реконструкција почна во време на ВМРО-ДПМНЕ. За прв пат кога сме кај младите пред две години изгласавме Закон за младински политики од тој закон не е реалзирано ништо, рече Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на Филибастер на радио Лидер.

Тој објасни дека се што е предвидено со Законот како национално собрание за млади, советодавно тело, локални младински совети кои во општините не функционираат, ништо не е реалзирано.

„Младите овде не веруваат веќе во ништо. Нема универзитет на Шангајската листа, има вработувања по партсики клуч. Се имплеметираа смо службнеици за млади кои се истакнати функционеро во младината на СДСМ. Многу ветувања, а малку работа, само тоа видовме од СДСМ“, рече Попов.

ЕУРО 2020

Македонија