недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Попладнево средба Османи-Тимоние

Попладнево средба Османи-Тимоние

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и францускиот амбасадор Кристиан Тимоние попладнево ќе остварат средба во просториите на Секретаријатот за европски прашања.

Средбата ќе се одржи во 15:00 часот, а по неа во 15:30 се предвидени изјави за медиумите.

Средбата претходно денеска ја најави Тимоние, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со претседателот на Уставен суд, Сали Мурати.

-Франција најпрво ги очекува реакциите на нон-пејперот од земјите-членки, но исто така со големо внимание ќе ги сослуша и забелешките и од македонската страна, посочи Тимоние, кој најави дека денеска ќе се сретне со вицепремиерот Османи, кого, како што, рече ќе го сослуша во врска со неговите размислувања за францускиот документ, а најави и средби со други претставници на властите во земјата.