понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 165
home Вести

Попладне можно невреме: Метеоролозите најавуваат пороен дожд, грмежи, силен ветер и град

Попладне можно невреме: Метеоролозите најавуваат пороен дожд, грмежи, силен ветер и град

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи.

Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладнево ќе има и во Скопската котлина, а можно е и појава на краткотрајно невреме.

Утре ќе преовладува променливо облачно време со локален краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во крајните западни и источни делови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Од среда следува период на променливо и нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Дневната температура повторно ќе биде малку под просекот за овој период од годината и ќе биде во интервал од 24 до 32 степена.

Коронавирус