недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 79
home Вести

Пописот на населението е предвидено да се одржи од 1 до 21 април догодина

Пописот на населението е предвидено да се одржи од 1 до 21 април догодина

Пописот на населението е предвидено да се одржи од 1 до 21 април догодина. Според нацрт-законот кој е во собраниска процедура, базата на податоци која ќе се користи е до ажурирањето на 31 март.

Во актуелниот предлог има неколку карактеристики врз кои се спроведува пописот, како што се географските, демографските, економските, образовните, миграциските, етнички и други особености.

Член 10

Географски карактеристики

Демографски карактеристики

Економски карактеристики

Образовни карактеристики

Карактеристики на миграција

Културни карактеристики

Религиозни карактеристики

Пречки во функционирањето

Сите граѓани на С. Македонија кои поседуваат документ со кој се докажува нивниот правен однос со државата ќе бидат опфатени со пописот без оглед дали за време на пописот се во земјава или во странство. Законот предвидува попис и на лица кои имаат дозвола за престој, како и на лица без државјанство кои за време на пописот се евидентирани во границите на нашата земја.

Член 6

Лица државјани на Северна Македонија кои имаат адреса или место на живеење во Северна Македонија без оглед на тоа дали за време на пописот се во земјата или во странство;

Странски државјани кои живеат во Северна Македонија со дозвола за престој;

Лица без државјанство кои за време на пописот се во Северна Македонија

Со пописот нема да биде опфатен дипломатскиот персонал и странските државјани кои се во дипломатска или неформална мисија во нашата земја.

Не се опфатени

Дипломатскиот персонал;

Странски воен персонал;

Странски државјани;

На помош на Државниот завод за статистика кој официјално е орган кој го спроведува пописот ќе му бидат и Министерството за одбрана, Министерството за правда, Министерството за надворешни работи, Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за катастар. За разлика од претходниот предлог, во актуелниот текст бројот на регистрирани пописни региони е зголемен со Арачиново, Врапчиште, Маврово и Ростуше, Петровец и Богданци. Бројот на пописни региони е 50.

Помошни ресори

Министерство за одбрана

Министерство за правда

Министерство за труд и социјална политика

Министерство за надворешни работи

Агенција за катастар

Во делот на потпишување на актите поврзани со пописот, законот предвидува сите поврзани акти кои се потпишуваат од директорот на заводот да мора да имаат и потпис на заменик-директорот, во спротивно немаат законска тежина. Методологијата за попис мора да биде објавена до 1 март, а според предлогот, податоците за пописот ќе се користат за развојни политики, макроекономско планирање, научно истражување и други статистички цели.

Коронавирус