понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 178
home Вести

„Пописот е политички што се гледа и во правото на вето доколку резултатите не испаднат како што ги договорил Заев“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

„Пописот е политички што се гледа и во правото на вето доколку резултатите не испаднат како што ги договорил Заев“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ и криминалецот Зоран Заев ќе бидат единствените виновници доколку таканаречениот попис пропадне. Власта истурка на сила закон за попис кој е полн со нелогичности, со застарена методологија која не е по препораките на Еуростат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Изгласаа закон за попис кој ќе биде со врзан потпис, од страна на директорот кој е од СДСМ и заменик директорот на државниот завод за статистика кој е од ДУИ, и со тоа јасно се гледа дека ова ќе биде политичка, а не статистичка операција.   Деновиве се погласно се зборува дека веќе меѓувладините коалициони партнери  однапред ги договориле резулатите од оваа политичка операција. Токму затоа вакавата операција ВМРО-ДПМНЕ нема да ја прифати, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ преку пратениците во Собранието се обиде да учествува во носењето на овој закон за попис, преку амандмани на овој закон, но власта како и многу пати до сега, тотално ја игнорираше опозицијата кога се работи за крупни прашања кои се во интерес на сите граѓани.

-Повторно го повикуваме претседателот Пендаровски да се одважи и да не биде барем еднаш пиун на криминалецот Заев и да не го потпише овој штетен закон за попис. Доколку Пендаровски го потпише овој закон, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги собере потребните потписи на пратеници, но и ќе побараме и широка народна поддршка преку собирање на потписи на граѓаните.   Доколку оваа ненародна власт реши да ја игнорира волјата на народот и продолжи насилието, нам како опозиција ќе ни даде легитимитет да не ги признаеме резулатите од оваа политичка, а не статистичка операција. Зоран Заев не успеа да направи консензус за ниедно важно прашање во општеството, ниту за договорот или пак за Анексот со Бугарија, ниту за здравствените состојби и нивното надминување, ниту сега за пописот! И за тоа Зоран Заев заедно со своите послушници ќе сносат одговорност, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус