сабота, 12. јуни 2021. Вести денес: 29
home Вести

Попис по мерка на Заев тешко дека ќе биде од помош на државата

Попис по мерка на Заев тешко дека  ќе биде од помош на државата

Од Владата велат дека со пописот ќе се обезбедат податоци кои ќе бидат основа за креирање ефикасни политики и социо-економски развој, но со самото тоа што роднини и комшии, дури и без валиден документ ќе можат да попишуваат лица кои со години работат и живеат во странство, ваквите податоци нема да ја отсликуваат реалноста и нема да бидат добар основ за креирање политики.

Ваквите податоци од пописот нема да им користат на странските инвеститори кои сакаат да инвестираат во земјата бидејќи ќе им дава лажна слика за работната сила во одреден регион.

На начинот на кој што беше донесен законот и тоа како се предвидува да се спроведе пописот силно се спротивставуваше опозицијата чии амандмани беа во целост одбиени.

Според нив пописот треба да биде статистичка операција која треба да даде бројка на резидентното население, а не бројот на државјани во Македонија.

Освен тоа што беа одбиени сите амандмани на опозицијата, одбиено беше главното барање на ВМРО-ДПМНЕ за при пописот да се користат читачи на отпечатоци од прсти. Овој предлог првично беше оценет како добар и применлив како од експертите така и од самиот премиер Зоран Заев и од претседателот на државата Стево Пендаровски кој рече дека не гледа ништо лошо во тоа пописот да биде и со отпечаток од прст, но мнозинството од непознати причини одлучи да не се применува ваквиот метод и го донесе законот без да се прифати ниту еден предлог на опозицијата и без консензус иако е значаен процес за државата.

Според опозицијата причината за ваквиот игнорантски пристап е тоа што власта наместо статистичка гледа политичка операција која што е коалиционен договор и е надвор од стандардите на Европската Унија. Тие дури и најавија собирање на граѓански потписи за фер попис.

– И покрај ваквите институционални пречки ќе ја започне иницијативата на собирање на потписи од сите граѓани, една натпартиска иницијатива каде што ќе може да се потпише секој оној граѓанин кој што се залага за фер, европски и веродостоен попис во Македонија и да се потпише секој граѓанин кој што е против ваков политички попис кој што води кон фалсификат, изјави пред некој ден Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

ЕУРО 2020

Македонија