понеделник, 29. ноември 2021. Вести денес: 30
home Вести

„Понудата на Шилегов е три пати поскапа пожарникарска скала, три пати поскап асфалт, три пати поголем личен имот, ова не му треба на Скопје“

„Понудата на Шилегов е три пати поскапа пожарникарска скала, три пати поскап асфалт, три пати поголем личен имот, ова не му треба на Скопје“

Јас  сум сто посто сигурен од тоа што можев и да го слушнам на дебатите, посебно на онаа дебата каде сите беа против вредностите на актуелниот градоначалник на Скопје, тоа што тој го нуди не им треба на скопјани, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хиристијан Мицкоски на вечерашното гостување на телевизија Клан.

Тој потенцираше дека иако ова се локални избори имаат голема важност за граѓаните. Оттука треба  да се гледа, рече Мицкоски, кој што нуди и што кажува.

„Сакам да кажам дека одлучуваме за нашата иднина. Дали се вредности, гребење булевари и поставување на неколку милиметри потенок слој асфалт, дали треба да има три пати поскапа пожарникарска скала, дали треба да се градат куќи на политички моќници и градски татковци кои ќе мавтааат со документи за реконструкција, а да градат згради“, рече Мицкоски.

Според него ова што некој го збори или нуди е се, само не нешто што им треба на граѓаните на Скопје.

„Ова е нешто што не му треба на Скопје. А за забелешките за нас  кога ја водевме локаната самоуправа, ние ја плативме цената“, рече Мицкоски.

Коронавирус