вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 10
home Вести

Понеделник неработен, до крајот на годината следуваат 3 споени викенди

Понеделник неработен, до крајот на годината следуваат 3 споени викенди

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците, 2 Aвгуст (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита Денот на Републиката.

До крајот на годината ни остануваат уште 5 празника, од кои три се споени викенди. 02 август (недела), Ден на Републиката, односно 03 август (понеделник) е неработен ден. 8 септември (вторник), Ден на независноста, 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден. 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба и 8 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”.

Коронавирус