сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Вести

Помпео замина, останаа пораките

Помпео замина, останаа пораките

Нашите односи уште повеќе ќе се засилат преку заедничките заложби за мир, безбедност и просперитет, пишува на Твитер државниот секретар на САД Мајк Помпео по вчерашната официјална посета на Македонија. Тој во Охрид се задржа неколку часови од каде замина за Атина.

На премиерот Заев му порача дека е клучна борбата против корупцијата.

Да се справите со корупцијата е клучно за вашето пристапување кон ЕУ и НАТО, порача државниот секретар на САД, Мајкл Помпео на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев во Охрид.