среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 164
home Вести

Помирување по мерка на Заев: СДСМ одбива да разговара за амнестија на лицата поврзани со 27-ми април

Помирување по мерка на Заев: СДСМ одбива да разговара за амнестија на лицата поврзани со 27-ми април

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денес од собраниската говорница побара од Собранието, Предлог законот за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени од настаните за 27-ми април поднесен од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се стави на дневен ред, потенцирајќи дека доколку навистина е искрена намерата од страна на пратениците на СДСМ за помирување треба да прифатат и да гласат по истиот, во спротивно како што рече тој се е чисто политиканство и поигрување со човечките судбини.

Имајќи во предвид дека само пред неколку дена формално правно е поднесен законот за амнестија а согласно член 70, став 1 од Деловникот на Собранието обврска и пракса е предлогот на законот по скратена постапка поднесен од пратеници и влада да биде ставен на првата наредна седница. Тоа денес не се случи и од таа причина бараме дополнување на дневниот ред со овој закон и ова е можност доколку навистина интенцијата е да се работи на помирување и релаксирање на односите, колегите пратеници да ја поддржат точката и заедно да помогнеме во нормализирање на состојбата. Во спротивно се е само политиканство и поигрување со човечки судбини, рече Мицевски.

Според него во Собранието денес поминале 8 закони по скратена постапка иако за законите добиле информација пред почетокот на седницата.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена поднесе Предлог закон за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за Собраниските настани од 27 април 2017 година, во скратена постапка. На денешната седница сведоци сме дека 7 до 8 закони поминаа во скратена постапка иако информацијата за нив за добивме пред само неколку минути, вели тој.

 

Коронавирус