вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 167
home Вести

Помина полноќ, а СДСМ ја силува процедурата: По секоја цена сака да му даде 33 милиони евра на Заев за ГАМА

Помина полноќ, а СДСМ ја силува процедурата: По секоја цена сака да му даде 33 милиони евра на Заев за ГАМА

Како да не беше доволен вчерашниот груб обид на СДСМ по секоја цена, Власта и денес се обидува да го помине на сила договорот со кој на Макпетрол ќе му даде 33 милиони евра.

По вчерашниот обид доцна вечерта да помине договорот кој го спречија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, денес Талат Џафери најави дека ќе се работи до исцрпување на сите говорници без прекин.

Расправата не се исцрпува, а Џафери воден од коалициската блискост со Заев, будно ги следи неговите насоки по секоја цена да дојде до договор.

Ако се пресмета бројот на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и останатите од опозицијата и се помножи по бројот на минути за говорник, плус неопходните паузи поради коронавирусот, ќе излезе дека треба да се работи најмалку 25 часа.

Седницата започна во 14:30 и значи дека цела ноќ и цел ден утре без прекин треба да се работи само со единствена цел да се изгласа оваа точка. Помина и полноќ, но СДСМ и нивните партнери во Собрание не се откажаа од намерата да ја силуваат процедурата.

Коронавирус