понеделник, 20. август 2018. Вести денес: 109
home Вести

Полуматурантите во понеделник и вторник ќе се запишуваат во средните училишта

Полуматурантите во понеделник и вторник ќе се запишуваат во средните училишта

Во јавните средни училишта во земјава во понеделник и вторник, 18-ти и 19 јуни, ќе се спроведе првото пријавување и запишување ученици за учебната 2018/2019 година во јунскиот уписен рок.

Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 20 јуни. Квалификациското тестирање ќе се организира на 22 јуни, а конечните ранг-листи со резултатите ќе бидат објавени на 25 јуни.

Второто пријавување и запишување на учениците во јуни ќе се врши на 28-ми, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени наредниот ден, 29 јуни.

Според конкурсот кој МОН го објави во март, учениците може да изберат гимназиско образование, стручно образование (техничко образование – четиригодишно траење, стручно образование за занимање – тригодишно траење и двегодишно траење), средно уметничко образование и средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок ќе биде на 23 август.