понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 63
home Вести

Полуматурантите кои сакаат да се запишат во Орце се спасија од приемен испит

Полуматурантите кои сакаат да се запишат во Орце се спасија од приемен испит

Учениците кои конкурираат за упис во средно образование, во скопската гимназија „Орце Николов“ нема да полагаат приемен испит, туку сите ќе бидат распределени во деветте постоечки паралелки.

– „Сите одлични ученици кои сакаат да се запишат во гимназијата „Орце Николов“ ќе бидат примени без дополнително полагање приемен испит и ќе бидат распределени во деветте паралелки“, вели министерот Арбер Адеми за „Независен весник“.

Полуматурантите не сакаа да се откажат од нивната одлука да бидат запишани во гимназијата, затоа што училиштето нуди квалитетно образование и е во близина на нивното место на живеење иако имаше 404 пријави, а во училиштето со конкурсот предвидено е да се запишат 285 ученици во девет паралелки.

Коронавирус