среда, 28. септември 2022. Вести денес: 0
home Вести

ПОЛИТИКА ВРЗ ГРБОТ НА ДЕЦАТА: Избркана омилената наставничка на децата во општина Бутел за СДСМ да вработи партиски кадар, родителите прогласија бојкот

Родителите на дечињата чија “втора мајка“ беше токму таа реагираат дека ова е огромен стрес и промена за учениците. Тие стапија во контакт со редакцијата на КУРИР.МК за да информираат за проблемот со кој се соочуваат.
ПОЛИТИКА ВРЗ ГРБОТ НА ДЕЦАТА: Избркана омилената наставничка на децата во општина Бутел за СДСМ да вработи партиски кадар, родителите прогласија бојкот

Градоначалниците на СДСМ не престануваат да тераат политика врз грбот на најранливите, децата.

Омилената наставничка од основното училиште „Ацо Шопов“ по долгогодишно искуство заврши без работа. Спротивно од закон, таа е избркана од своето работно место каде работи 5 ипол години без прекин во стажот. Иако според закон, таа треба да добие трансформација на работното место и да и биде врачено решение на неопределено време, политиката во општина Бутел ја остави на улица.

Родителите на дечињата чија “втора мајка“ беше токму таа реагираат дека ова е огромен стрес и промена за учениците. Тие стапија во контакт со редакцијата на КУРИР.МК за да информираат за проблемот со кој се соочуваат.

Затоа одлучија да ја бојкотираат наставата и нивните деца да не одат во училиште додека овој проблем не биде решен. Сите родители од ова одделение, едногласно одлучија да ја бараат правдата, затоа што како што велат, единственото што бараат е да се почитува закон и овие политичари конечно да почнат грижа за дечињата.

Наставничката А.У. сега водеше дечиња од второ одделение. Брзо станала омилена меѓу децата, а голема почит ужива и кај нивните родители.

Мајката на детето од ова одделение со која разговаравме, вели дека станува збор за наставник кој има одличен пристап, знаење, искуство и љубов кои секојдневно им ги пренесуваше на децата. Нејзиното бркање од работа најмногу ќе го почувствуваат токму второоделенците.

-Единственото што ние го бараме е да се почитува закон. Таа наставничка, која нашите деца ја обожаваат, ги исполнува сите услови за да добие решение. Сега некој терајќи политика, одлучил наместо решение оваа прекрасна наставничка да добие отказ. Тоа е страшно. Нашите деца ја сакаат таа наставничка, ние лично баравме да ги запишеме децата кај неа бидејќи станува збор за исклучително добар наставник. Ваква промена не е добра за децата и ние за нив одлучивме да превземеме ваква мерка. Денес не ги однесовме децата во училиште, а сите едногласно стоиме на ставот дека овој проблем мора да се реши. Таа има законско право да остане на работа, а нашите деца имаат право да останат со наставничката која започна да ги учи уште во прво одделение и од која ние како родители сме презадоволни, истакна за КУРИР мајка на едно од дечињата.

Градоначалникот ги игнорира!

Градоначалникот на општина Бутел, од редовите на СДСМ, Велимир Смилевски го игнорира овој проблем. Родителите бараат средба со него, но тој очигледно нема време за решавање на проблемот кој паѓа на грбот на децата, додека негова единствена цел е да си вработи партиски кадри насекаде.

Родителите на овие дечиња барале средба со него, но одговор не добиле. Минатата недела кога градоначалникот има отворен ден за средби со граѓаните, тие биле до општината, но наместо отворен ден нашле затворена врата. Градоначалникот бил на службен пат.

По оваа средба тие оставиле контакт телефон и од општината им било кажано дека градоначалникот ќе ги побара. До овој момент, ниту им се јавил, ниту побарал средба со нив. Тој ги игнорира, а дечињата трпат.

Родителите во изјавата за КУРИР велат дека нема да отстапат од барањата. Ќе бидат упорни да дојдат до градоначалникот и нема да дозволат и понатаму да бидат игнорирани.

Политиката, порачуваат, мора да биде тргната од грбот на децата.

Коронавирус