сабота, 27. февруари 2021. Вести денес: 96
home Вести

ПОЛИТИЧКО ДНО: Секогаш кога Заев не знае веќе како да лаже, се повикува на децата!

ПОЛИТИЧКО ДНО: Секогаш кога Заев не знае веќе како да лаже, се повикува на децата!

“Децата ме прашуваат зошто некој вели дека сум дел од рекет акција и во криминална група“ – се пожали премиерот Зоран Заев.

По низата обвинувања на негова сметка, по брдото скандали кои беа обелоденети пред јавноста, по погубните политики кои ги води и во Македонија и надвор од неа, по сите удари кои им ги зададе на македонските граѓани… Заев очекува на јавноста да и биде жал што неговите деца го прашале зошто некој вели дека тој е дел од рекет или криминал?!

-Јас сум човек што покажал сериозна толеранција. Извршувајќи ја највискоката функција во изршната власт сум на удар на на јавноста, но денеска слободата живее во Македонија и таа треба да се почитува, должност ми е да одоговорам на критиките и да бидат корегиран под будното око на новинарите, рече денеска Заев по рочиштето со новинарот Зоран Божиновски.

-Но кога ќе поминат нормалните граници, кога ќе бидат повредени чувствата, кога сте исклеветени, навредени, кога вашите деца се исправени да ве прашаат зошто некој ве кажува дека сте дел од рекет акција, дека сте во криминална група дека правите штета во милионски суми во државата, дека сте капут, ги поминува сите граници и треба да поднесете тужба, рече Заев.

Ова не е прв обид за Заев да го “фати“ народот на емоции, спомнувајќи ги своите деца.

Така, пред само неколку месеци изјави дека кога медиумите пишувале лошо за него, неговите деца плачеле.

Тој ова го истакна во период кога имаше бројни критики за неговото однесување, особено кон новинарите и медиумите. Бидејќи наиде на низа коментари од граѓаните, Заев не можеше да се извади или да најде некој аргумент, реши да се повика на децата, дека наводно неговите син и ќерка плачеле кога некој им го критикува таткото.

На ова, премиерот наиде на брдо коментари кои му објаснуваат дека и други деца плачат поради неговите погубни политики.

Неговиот брат, Вице Заев, кој исто така често се поврзува со сомнежи за криминал, во една изјава потенцираше дека и нивната мајка плачела кога некој зборува против Заев.

-Нашата мајка секое утро плаче кога ги гледа утринските емисии и слуша се што зборуваат за Зоки. Не читам што пишуваат за мене и брат ми на социјалните мрежи, јас не користам социјални мрежи, вели Вице Заев.

Се сеќаваме сите и на “жицата“ која молеше да не му ја гибаат, а потоа сам си ја распарчи.

„Ако ми скинете жица од гитарата, ќе ја променам и ќе продолжам да свирам.

Ако посегнете по жицата на која жена ми спростира алишта, ќе протегнам нова.

Ако пуштите ветришта во жиците кои влегуваат во мојата куќа, ќе го барам и ќе го најдам чаерето.

Можете да правите што ви душа сака со сите важни и неважни жици во мојот живот.

Но како Господ Ве молам…

НЕ ГИБАЈТЕ МИ ЈА ЖИЦАТА МАКЕДОНСКА ОТИ ИЗГУБЕН ВО ВРЕМЕТО, БИ ГО БАРАЛ СЕМЕТО ОДЕЈЌИ ПО ЖИЦA“ – напиша Заев пред да тргне на патот на кој ја распарчува Македонија.

Секогаш кога Заев не знае веќе како да лаже, како да се извади од скандалите, тој се повикува на децата. Таквата злоупотреба слободно може да се нарече политичко дно.

Коронавирус