сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 122
home Вести

Политичкиот хаос седна и на училишните клупи: Гледајќи си го сведителството, децата нема да знаат како им се вика државата (ФОТО)

Политичкиот хаос седна и на училишните клупи: Гледајќи си го сведителството, децата нема да знаат како им се вика државата (ФОТО)

Еден документ е сведок за хаосот кој владее, како во цела држава, така и во македонското образование.

Сведителствата кои деновиве ги добија учениците од основните и средните училишта од цела држава, наликуваат на сé, но не и на документ предаден од образовна институција.

Политиката паѓа на грбот и на образовниот процес, па сега учениците кои си ги прочитаа описите или оцените во сведителствата, се на мака да одговорат дури и на основното прашање:

„Во која држава живееме ние“?

На примероците, изгледа останати од пред Зоран Заев да потпише промена на уставното име на нашата држава, е наведено дека овие дечиња живеат и учат во Република Македонија.

Но, принудени да ја користат придавката „Северна“ бидејќи две третини од пратениците во Собранието одлучија така, на местата каде примерокот се дополнува, во сведителствата го напишале новото име на државата.

Иронијата да биде поголема, уставното име на нашата држава, Република Македонија, се спомнува во реченицата:

„Ученикот ги препознава државните симболи на Република Македонија, природните убавини и традицијата“.

Во пракса, истиот тој ученик кој ги знае симболите, природата и традицијата, читајќи го своето сведителство, нема да знае кое е името на државата на која горенаведеното припаѓа.

Следниот пат кога нашата држава е именувана без придавката „Северна“ е во името на министерството: „Министерство за образование и наука на Република Македонија“.

Оваа Влада, брзајќи да го спроведе тоа што нејзините челници го ветуваа надвор од нашите граници, направи општ хаос насекаде. За жал, дури и во образовниот процес.

Чија грешка е ова и дали некој ќе одговара што некаде заборавил да вметне „Северна“, останува да видиме.

Коронавирус