понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Политичка пресуда: За напад врз Села казни по 13 години, а свирепи убијци се судат на 8

Политичка пресуда: За напад врз Села казни по 13 години, а свирепи убијци се судат на 8

Пратеникот Зијадин Села на 5  јуни во гостување на „Алсат“ телевизија говореше дека актуелната Влада не заслужува преодна оценка.  Пратеникот Зијадин Села еден месец после случувањата од 27-ми април се врати целосно на политичката сцена и оттогаш е постојано присутен  во јавноста.

Партизираното судство на Зоран Заев изрече драконски казни затвор од 10 и повеќе години за обидот за убиство на напаѓачите на пратеникот Зијадин Села во Собранието на Република Македонија на 27-ми април. Судиите надвор од воспоставена судска пракса изрекоа неверојатно високи казни за кривичното дело – обид за убиство.

Брутални и свирепи убиства или двојни убиства се кривични дела за кои македонските судови изрекувале казни затвор од 5 до 10 години. Убиството во обид според судската пракса досега завршувало и со условни казни или минимални казни затвор од 1, 2 или 3 години затвор.

Обид за убиство врз лекар 5 ипол години затвор

Имер Никшиќ е човекот кој во 2016-та година беше осуден на казна затвор од 5 ипол години за обид за убиство врз лекар на своето работно место, додека неговиот брат кој бил помагател добил условна казна од 2 години затвор. Имено Никшиќ  со огнено оружје  – пиштол се обиде да го убие хирургот Љубомир Огненовиќ при вршење должност.

Осум години затвор за кумановецот кој уби човек и го фрли во бунар

Еден од најбизарните судски случаи во судската пракса во  Македонија е случајот со убиството на младиот кумановец Бојан Илиевски, кој беше убиен од страна на Даниел Д. и фрлен во селски бунар и заврши со пресуда од 8 години затвор. Имено Даниел извадил пиштол и испукал еден куршум во Бојан кој седел на клупата. Потоа го фрлил телото во бунарот и побегнал.

За да го сокрие убиството го фрлил телото во бунар и го сокрил пиштолот, кој уште не е најден. Според обвинителот, за неговата ладнокрвност сведочи и тоа што наредното утро уште во 6 часот заминал со такси во Аква парк во Пробиштип каде цел ден се капел за да ги измие барутните честички од рацете.Облеката што ја носел ја фрлил, но не и патиките на кои подоцна биле најдени  траги од крв. И покрај тоа што семејството го барало Бојан, тој тврдел дека не знае каде се наоѓа, па се вклучил во потрагата и погрешно ги насочувал. Даниел пет дена молчел за убиството, додека случајот не бил пријавен од граѓани кои забележале крв кај бунарот, по што е приведен.

Роднините на убиениот бараа доживотни казни затвор, но сепак судот не ги пресуди.  Сега имаме ситуација во која обид за убиство е казнето повеќе од убиство на подмолен начин.

Двојно убиство 8 години затвор

Пред неколку години судот во Скопје пресуди 8 години затвор за кривично дело двојно убиство за случајот во кој младиот скопјанец Ѓорѓи Топаловски ги уби двајцата скопјани Андреј Филипов и Новица Благоевиќ. Одбраната се темелеше на убиство во афект и претходна вознемиреност на убиецот од страна на жртвите.

Правниците кои ги консултиравме велат дека според десегашната судска пракса е целосно невидено лица за обид за убиство да бидат судени со толку дракноски казни. Тие посочуваат безброј примери  од нивната работа и поранешни случаи во кои убијци за убиства кои често наликуваат на свирепи убиства и се вршени на подмолен начин, а биле судени за пониски казни.

Коронавирус