сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 20
home Вести

Политичка правда во Македонија: Владата најави, а судот побрза да го ослободи Морина

Политичка правда во Македонија: Владата најави, а судот побрза да го ослободи Морина

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје донесе решение дека не се исполнети условите за екстрадиција на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Тoмор Морина во Србија.

– Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по барање на Министерството за правда на РСМ, а по разгледување на целокупната пропратна документација во барањето, како и ценејќи ја досегашната воспоставена судска пракса и меѓународното право, донесе решение дека не се исполнети условите за екстрадиција на лицето Т.М. во Република Србија како баратели на екстрадицијата – соопшти Основен кривичен суд – Скопје.

Решението, заедно со предметот, согласно член 65 ст. 5 од Законот за меѓународна соработка во кривична материја, веднаш ќе бидат доставени до Врховниот суд на РСМ за понатамошно одлучување.

– Воедно, мерката притвор против лицето, определена по предлог на Обвинителството на 25.07.2019 год, продолжува да опстојува до правосилноста на решението од Кривичниот совет, односно до одлучување по предметот од страна на на Врховниот суд на РСМ – соопшти Основен кривичен суд – Скопје.

Ваков расплет на работите најави вицепремиерот Бујар Османи.

Нема никаква основа за екстадиција на Томор Морина, и кога би имало треба во Косово да се екстрадира, а не во Србија, неодамна изјави за тв 24 вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

„Република Северна Македонија треба да продолжи да послужи како пример, медијатор и пооддржувач на регионалното помирување. Ваквите случувања го поткопуваат имиџот и регионалното значење на државата. Оттука државата под итно да ја следи политиката на ЕУ кон ова прашање, но и системски да го реши за да никогаш не се повтори. Нема никаква основа за екстадиција, и кога би имало треба во Косово да се екстрадира, а не во Србија, вели Османи за тв 24.

Коронавирус