петок, 4. декември 2020. Вести денес: 163
home Вести

Политичка иронија: Референдумот за ѓубрето во Дојран задолжителен, за промена на името во 2018-та само консултативен?

Процентот на излезеност бил 53,34 отсто, од кои 402 граѓани гласале „за“, 965 биле „против“, додека 37 ливчиња биле неважечки, според неофицијалните резултати кои ги објави Ангов. За да иронијата биде поголема, резултатот на Референдумот за сметот во Дојран е задолжителен, нешто што парадоксално не беше случај со Референдумот за името на 30 септември  2018-та година, кој тогашната Заева влада го замота во форма на консултативен, за да потоа не го земе ни под разно ова мислење или „консултација“ со народот, кој кажа јасно што мисли околу можна промена на името.
Политичка иронија: Референдумот за ѓубрето во Дојран задолжителен, за промена на името во 2018-та само консултативен?

Дојранчани извојуваа силна референдумска победа против идејата на општината, ништејќи ја во зародиш идејата за јавно-приватно партнерство за водата и сметот.

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, објави дека вчерашниот локален референдум во општината минал успешно со повеќе од 50-настотна успешност, но мнозинството гласови биле „против“ па според тоа нема да има договор за јавно-приватно партнерство за комуналните услуги – водовод и канализација.

Процентот на излезеност бил 53,34 отсто, од кои 402 граѓани гласале „за“, 965 биле „против“, додека 37 ливчиња биле неважечки, според неофицијалните резултати кои ги објави Ангов.

За да иронијата биде поголема, резултатот на Референдумот за сметот во Дојран е задолжителен, нешто што парадоксално не беше случај со Референдумот за името на 30 септември  2018-та година, кој тогашната Заева влада го замота во форма на консултативен, за да потоа не го земе ни под разно ова мислење или „консултација“ со народот, кој кажа јасно што мисли околу можна промена на името.

И покрај тоа, Заев не ја почитуваше волјата на народот во Македонија кој преку бојкот кажа силно НЕ за промена на името на државата. Дури спинуваа и извртуваа дека со само 600.000 гласови имале успешен Референдум, а потоа насила и со закани и уцени на пратеници, успејаа да го сменат Уставот и името на Република Македонија.

Коронавирус