петок, 23. август 2019. Вести денес: 1
home Вести

Политичари, музичари, адвокати, актери – кои славни „паѓале“ заради дрога?

Политичари, музичари, адвокати, актери – кои славни „паѓале“ заради дрога?

Јавна тајна е дека многу познати личности конзумираат различни опијати и додека некои отворено го признаваат својот порок, други никогаш не сакале да признаат, а пак трети раскажуваат за своите искуства со нелегални супстанции.

Дрогата отсекогаш другарувала со славните музичари, артисти, банкари, адвокати, а ниту македонската јавна сцена не се исклучок. Во акцијата на полицијата „Сикрет“ освен дилерите, од слобода беа лишени уште 12-мина кои купувале кокаин, а кои, како што велат од МВР, биле менаџери на кафе барови, ноќни клубови и ресторани, потоа адвокати, директори, банкари и вработени во јавна администрација.

Дрогата се поприсутна е и меѓу политичарите. Мистериозната бела хартиена кесичка која му падна од џебот на новиот словачки премиер Петер Пелегрини на конференцијата за новинари наведе многумина Словаци да нагаѓаат дека тој во џебот носел кокаин.

Словачкиот премиер подоцна се бранеше дека во кесичката имало обична чепкалка за заби, но Словаците на Твитер и Фејсбук, а со нив и новинарите, главно шпекулираа дека во неа имало кокаин или друга дрога.

Јавноста во Србија многу пати досега го поврзува со т.н кокаински забави лидерот на ЛДП Чедомир Јовановиќ. Но тој во гостување на хрватската национална телевизија, минатата година изјави дека од кокаинот се плаши, но дека пуши марихуана.

За разлика од политичарите, естрадните личности често отворено и јавно зборуваат за злоупотребата на дроги.

Кога сме кај соседството, еден од првите кои јавно истапи и призна дека бил дел од „пеколот на дрогата“ е Аца Лукас. Тој изјави дека луѓето не се свесни колку наркоманијата земала замав и дека е тешко да се излечи наркоманската зависност.

„Јас додуша не користев хероин и немав такво пропаѓање на организмот, мозокот. Но, како човек во сериозни години, кој има деца, сфатив дека тоа е болест и дека мора да се извлечам. И се извлеков, зјави Лукас во едно интервју.

Прочуената изјава на Џеј Рамадановски „ако кокаинот е дрога, тогаш јас сум наркоман!“ не изненаи никого. Џеј во едно интервју изјави дека кокаин пробал за прв пат на 19 години, кога бил во Амстердам.

Рамбо Амадеус јавно призна дека долго време консумирал марихуана, која, според неговото сведочење, го фрлила во депресија и параноја. Тој откри дека едно време користел и хероин.

„Откако ќе помине дејството, одеднаш чувствувате дека жив ве погребале. Утредента, по периодот на отрезнување, ми беше толку одвратно и си реков себеси: „Ти веќе никогаш во животот нема да пробаш“, истакна Рамбо во српските медиуми.

Поголем е делот на светските славни личности кои се познати по тоа што се или биле уживатели на дроги.

Првиот допир на фронтменот на Нирвана со дрогата бил на 13 години кога за прв пат пробал марихуана. Во средина на 80-тите години тој почнал да користи и хероин, за кој често велел дека му помага да заборави на болките во стомакот. Иако се обиде со неколку рехабилитации да ја надмине зависноста, тоа никогаш не му успеа.

Кобејн еден период сериозно се навлече на LSD

Иако целиот шоу бизнис знаеше за зависноста на Кејт Мос од кокаин, во 2005 година изби вистински скандал кога британскиот магазин Daily Mirror објави слики од моделот на кој се гледа како таа консумира кокаин. Кратко потоа, Мос ги изгуби договорите со многу звучни модни имиња.

Меѓу славните е и актерот Чарли Шин кој во 1998 година беше хоспитализиран заради предозираност со кокаин. Заради тоа Шин отиде на рехабилитација, но многу скоро се врати повторно на консумација.

Кокаинот не е единствената дрога која Шин ја има консумирано

Витни Хјустон во 2000 година беше уапсена за поседување марихуана, но тоа беше нејзиниот најмал проблем зашто пејачката употребуваше огромен број на тешки дроги како кокаин и крек, а исто така беше зависна и од алкохол.

Извор: pressingtv.mk