вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Полициските специјалци одбележуваат 38 години од формирањето на единицата

Полициските специјалци одбележуваат 38 години од формирањето на единицата

Единицата за специјални задачи при Министерството за внатрешни работи денеска одбележува 38 години од формирањето.

На денешен ден во 1981 година во МВР, во рамките на поранешниот Секретаријат за внатрешни работи на Социјалистичка Република Македонија, е формирана единицата, денес позната како „Тигар“.

Мотото на полициските специјалцим „патот до совршенството е бесконечен, затоа патувањето непрекинато трае“ го отсликува стремежот на припадниците со напорна работа да се надградуваат секој ден, се повеќе и со тоа да придонесат во градењето на подобар безбедносен систем за заштита на нашата татковина.

Коронавирус