понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 117
home Вести

Полициски час, болници полни, а Заев ќе праќа по дома кај граѓаните невакцинирани попишувачи

Полициски час, болници полни, а Заев ќе праќа по дома кај граѓаните невакцинирани попишувачи

За само една недела, во Македонија починале 57 лица од коронавирус. Бројот на новозаболени во овој период е зголемен за 23 проценти.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 1 до 7 март 2021, тестирани се вкупно 21.090 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 4,6% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 4.463 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 23,0% во однос на минатата недела, информира Министерството за здравство.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.026, 23,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=895; 20,1%), 40-49 (n=803; 17,8%), 50-59 (n=778; 17,4%) и 20-29 (n=626; 14,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=104; 2,3%) и 10-19 години (n=231; 5,2%).

Зоран Заев и Венко Филипче долг период велат дека состојбата е под контрола. Но, тоа е далеку од вистината!

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 108.350, бројот на оздравени пациенти е 95.822, на починати е 3.228, а на активни случаи изнесува 9.300.

Од вкупниот број активни случаи 4485 се во Скопје, 704 во Прилеп, 531 во Кавадарци, 428 во Охрид, 355 во Куманово, 318 во Неготино, 271 во Тетово, 267 во Гевгелија…

Јавноста бараше мерки за заштита, стручните лица апелираа нешто да се превземе, а Владата велеше дека нема потреба од нови мерки. Кога конечно решија дека мерки мора да има, за да се заштити населението во момент кога бројот на заразени и починати расте, донесоа одлука за мерка која од почеток се знае дека нема да има никаков ефект.

Владата одлучи од денеска до 22 март биде воведен полициски час што ќе трае од 22 часот вечерта до 05 часот наутро, а движењето во време на ограничувањето ќе биде можно само со дозволи.

Оваа мерка дојде во време кога власта спрема попис. Среде пандемија, на вирус кој зеде 3.228 жртви од Македонија, Зоран Заев ќе праша попишувачи во домовите на граѓаните! Бидејќи вакцини за граѓаните власта очигледно не беше способна да донесе, така и попишувачите невакцинирани ќе се шетаат и ќе имаат контакт со народот.

Полицискиот час како мерка, ништо од овие страшни состојби нема да може да запре. На Заев во моментов му е најважно да спроведе попис, а тоа што секој граѓанин ќе биде ставен во голем ризик, изгледа не е една од неговите грижи.

Локални избори 2021