среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 149
home Вести

Полициска телеграма што не ја почитуваат дури ни тие што ја пратиле

Полициска телеграма што не ја почитуваат дури ни тие што ја пратиле

МВР се обидува, но по се’ изгледа не успева, да воспостави професионално однесување на своите вработени. Залудни се обидите на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски, со службени телеграми да воведе ред во однесувањето на социјалните мрежи на вработените во МВР, пишува „Нетпрес“.

И покрај сите обиди и укажувања први непочитувачи на телеграмата на Велковски се партиски вработените и унапредените во МВР. Нивните профили на оваа социјална мрежа се преполни со објави на политички пораки и партиски активизам.

Тие континуирано шират разновидни политички пропаганди, особено во корист на владејачката партија. Најверојатно да си го исполнат долгот за вработувањето или унапредувањето, или пак да се докажат како верни партиски активисти.

А, во испратената телеграма директорот на БЈБ, Велковски јасно укажува дека вработените во МВР се препознатливи во средината во која живеат и затоа мора да внимаваат на ИНТЕГРИТЕТОТ на службата во целост.

По се’ изгледа, оваа телеграма ќе остане само обично парче хартија.

Коронавирус