сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 73
home Вести

Полициска акција во неколку скопски населби, има и приведени

Полициска акција во неколку скопски населби, има и приведени

Рано утрово, специјална полициска единица изврши претрес во неколку куќи во неколку скопски населби. Една од населбите  беше и Визбегово.

ТВ21 беше во една од куќите каде беше извршен претрес, но жителите не сакаа да зборуваат пред камера. Во оваа акција има и приведени лица. Причините не се познати, но неофицијално станува збор за сомневања за тероризам.

Во врска со оваа информација, го прашавме министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тој потврди дека имало акција, но не даде детали за причината. Тој рече дека акцијата се уште трае и дека утре МВР ќе излезе со детали.

Коронавирус