недела, 5. јули 2020. Вести денес: 96
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Полицијата воспостави протокол за лицата кои влегуваат или излегуваат од државата за време претстојниот 80-часовен карантин

Полицијата воспостави протокол за лицата кои влегуваат или излегуваат од државата за време претстојниот 80-часовен карантин

Полицијата воспостави протокол по кој ќе треба да постапуваат граѓаните што ќе остварат влез во државата или пак што треба да ја напуштат државата за време на претстојниот 80-часовен карантин за одредени градови како и забраната за движење во дел од градовите, информираат од МВР.

– Граѓаните што ќе влезат во државата со валиден и негативен PCR тест, ќе може да се превземат од граничните премини, при што лицата што ќе ги превземат претходно ќе треба да го пријават тоа на тел бр. 192 каде што ќе ги остават бараните податоци. Исто важи и за граѓаните што треба да ја напуштат земјата (со валидна документација, т.е авионски билети), односно лицата што ќе ги превезуваат треба претходно да се пријават на бројот 192, стои во соопштението од МВР, по однос на потребата за движење на лица во текот на наредните три дена.

Парламентарни избори 2020