вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Полицијата во Тетово го истражува случајот со тепањето на дете од страна на повеќе малолетници

Полицијата во Тетово го истражува случајот со тепањето на дете од страна на повеќе малолетници

Тетовската полиција работи на случај по пријава во кој повеќе малолетници тепаат едно дете, а настанот го снимиле и го објавиле на социјалните мрежи на интернет. Станува збор за настан што се случил во Тетовското село Пршовце пред околу еден месец.

-Вчера 45-годишник од Тетовско Пршовце во СВР Тетово пријавил дека пред околу еден месец неговиот малолетен син во селото бил физички нападнат од повеќе малолетни лица, негови соселани, а потоа снименото видео за овој напад било објавено на социјалните мрежи. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот и против инволвираните ќе следат соодветни поднесоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Тетовската полиција и вчера бележи пријава за напад врз малолетник кој се случил на 3 мај. Жител на Отушиште пријавил во полиција дека во Тетовско Теарце неговиот малолетен внук бил физички нападнат од лице од Пршовце. Според пријавеното, напаѓачот употребил и дрвен предмет. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија