петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Полицијата влезе во фитнес клуб во Скопје, работел и покрај забраната

Полицијата влезе во фитнес клуб во Скопје, работел и покрај забраната
илустрација

На 13.04.2021, по претходна пријава, полициски службеници од ЕВР Карпош – СВР Скопје извршиле контрола во фитнес клуб на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, при што било констатирано дека објектот работи и внатре биле затекнати сопственикот Ф.Б.(35) од Скопје и уште шест лица, информира МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Коронавирус