петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Полицијата спречила демонстранти да стигнат до Псарадес каде се потпиша договорот со Грција, повредени неколку лица

Полицијата спречила демонстранти да стигнат до Псарадес каде се потпиша договорот со Грција, повредени неколку лица

Неколку лица се повредени, во инцидентите што речиси четири часа траеле во селото Писодери во близина на Псарадес за време на протестот за „одбрана на грчкиот карактер на Македонија“, јавуваат грчките медиуми.

Инцидентите, според истите информации се случиле во шумскиот дел, кога полицијата ги спречила демонстрантите да се упатат кон местото каде што премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас го потпишаа договорот меѓу Македонија и Грција.

Насобраните граѓани ја напаѓале полицијата со дрва и предмети, а полицијата континуирано употребувала солзавец. По неколку часа инциденти, ситуацијата се смирила, а неколку лица, чиј број официјално не е потврден, биле пренесени во болница. Некои со проблеми со дишењето, поради солзавецот, други повредени во инцидентите.

Камо што претходно јави МИА, „Македонија е грчка“, „Овде завршува Северна Македонија“, пишуваше на паноата на демонстрантите, кои со грчки и црни знамиња во рацете протестираа против потпишаниот договор.

Според грчките медиуми, вкупно 80 автобуси со граѓани од Солун и градови од северна Грција, утрово стигнале на протест во близина на Преспа.

МИА

Коронавирус