среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 46
home Вести

Полицијата растури свадба во Арачиново со 200 гости

Полицијата растури свадба во Арачиново со 200 гости

Полицијата вчера вечерта околу 21 часот прекинала свадба во угостителски објект во скопско Арачиново, пишува Слободен печат.

Притоа интервенцијата полицијата во објектот биле затекнати околу 200 лица.

Свадбите и други семејни веселби и собирања се забранети од почетокот на епидемијата на Ковид -19 во земјава, а за прекршителите на овие забрани ќе следуваат соодветни пријави.

Коронавирус