вторник, 19. јуни 2018. Вести денес: 0
home Вести

Полицијата приведе 10 лица на вчерашните протести во Скопје против промена на името

Полицијата приведе 10 лица на вчерашните протести во Скопје против промена на името

Десет лица се приведени во вчерашниот протест одржан пред Собранието на Република Македонија, а по изјавите дека државата ќе го промени Уставот и уставното име во Република Северна Македонија.

Од МВР денес информираат дека за време на собирот, во 20.30 часот, дел од масата, во која имало и група на лица кои биле маскирани со „фантомки“, кон Собранието и кон кордонот од полициски службеници почнале да фрлаат со шишиња, пиротехнички средства, шипки, конзерви и еден молотов коктел (незапален).

Лицата се приведени во Полициската станица Центар поради нарушен јавен ред и мир.