среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 81
home Вести

Полицијата нема да пушти голем дел од полските навивачи на трибини

Полицијата нема да пушти голем дел од полските навивачи на трибини

Натпреварот во Скопје меѓу Македонија и Полска ќе се одигра вечерва во 20:45 часот. Голем број на гостински навивачи пристигнаа во нашиот главен град за да ја бодрат својата репрезентација.

Полициските службеници и обезбедувањето ќе ги има насекаде. Поради вчерашните инциденти и опасноста од нови проблеми на трибините, процедурата да се влезе на стадионот нема да биде едноставна.

Сопствениците на билети кои не се купени од официјалните места на продажба ќе имаат проблеми на влезот. Голем број македонски навивачи ги продадоа своите влезници на полски граѓани кои допатуваа за да бидат дел од навивачката група на стадионот.

Полските хулигани се добро познати во целиот свет, па тоа ги натера надлежните органи да реагираат соодветно за да спречат било каков немил настан.

Извор: gol.mk

Коронавирус