среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 81
home Вести

Полицијата на Заев и Спасовски заедно со „Балистите“ ги малтретирале фудбалерите на Вардар во автобусот, тврдат „Комитите“

Полицијата на Заев и Спасовски заедно со „Балистите“ ги малтретирале фудбалерите на Вардар во автобусот, тврдат „Комитите“

Припадници на Министерството за Внатрешни Работи (СВР Тетово) вчера го стопираа автобусот на ФК Вардар, поради “рутинска контрола” на враќање од Струга. Откако ги идентификуваа патниците и се осигураа дека се фудбалерите и стручниот штаб на Вардар, им јавија на нивните колеги – “балисти” да дојдат и заедно “да го процесуираат случајот”. Пристигнуваат ‘службени возила’ марка Голф 2, и го спроведуваат автобусот до надвозникот каде се наоѓаат уште 10тина нивни колеги во комбиниран состав МВР & балисти, за да извадат парола.

По спотот финансиран од Министерството за Култура, сега и МВР се вклучува во кампањата за несебична поддршка на сепаратистите, со јавни ресурси, во работно време, од нашите џебови.

Ова да се случеше во Јапонија, веројатно високи функционери јавно и понизно ќе побараа прошка пред народот пред јавно да направат харикири во знак на срамот и газењето на честа. Но тука нема чест, ова е Македонија, која одамна не е унитарна, сега де-факто повеќе не е ни федерација ко што беше, туку веќе функционира како Конфедерација.

Спасете ја Македонија, фрлете се во Вардар, кој можеби ќе го испере вашиот срам до Белото море, иако вие не се ни обидовте да го прочистите истиот тој Вардар!

Припадници на Министерството за Внатрешни Работи (СВР Тетово) вчера го стопираа автобусот на ФК Вардар, поради “рутинска…

Posted by Komiti Skopje on Monday, May 10, 2021

ЕУРО 2020

Македонија