сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 75
home Вести

Полицијата на Спасовски и Заев тепа народ

Полицијата на Спасовски и Заев тепа народ

Му нема крај на бруталното физичко насилство врз македонските граѓани од страна на полицијата под директна команда на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и премиерот, Зоран Заев.

Вчера, во јавноста се појавија два случаи во кои припадници на полицијата крвнички тепаат граѓани, кои инаку се припадници на ромската заедница. Ваквата пилициска бруталност предизвика остри реакции во јавноста.

Првиот случај на полициска бруталност, кој вчера се појави во медиумите се случил во Битола. Од видеото кое што кружи на социјалните мрежи може да се види како полицајци безмилосно клоцаат човек, кој лежи на земја и воопшто не пружа отпор и не се брани.

За ова реагираше граѓанската иницијатива „АВАЈА“ од Битола, која се занимава со артикулирање и промовирање на интересите на ромските граѓани пред сите засегнати страни. Од таму за Слободен печат, велат дека иако на видеото се гледа едно лице, всушност три лица биле претепани од страна на полициските службеници. Додаваат дека иако видеото вчера се рашири во медиумите, снимката била направена пред два дена, повикувајќи ги надлежните институции, но и државни функционери да превземат мерки на расчистување на случајот и казнување на сторителите.

„Ромите не се граѓани од втор ред! Можете повеќе, можете полошо. Ужаснати сме од видеото кое се најде на социјалните мрежи каде се гледа полициска бруталност врз лица од ромска етничка заедниза. Бараме секторот за внатрешна контрола при Министерството на внатрешни работи да го испита случајот и да ги санкционира сторителите. Зоран Заев, Оливер Спасовски ветивте дека правда ќе има? Вака ли изгледа правдата? Венко Филипче до каде е истраагата за смртта на родилката од Шуто Оризари, дали воопшто случајот се истражува? До кога ромите ќе бидат жртви на системот!?, стои на Фејсбук објавата на граѓанската иницијатива АВАЈА.

Со сведовшто се јавија и тепаните граѓани кои што тврдат дека полицајците ги малтретирале како стока, ги тепале и ги држеле во станица до пет часот сабајле.

По ова видео на кое се гледа како полицајците тепаат битолчанец, вчера вечерта се појави слично видео на кое се гледа полициско тепање. Луѓето кои, на социјалните мрежи, го споделуваат видеото, тврдат дека е направено на улица во Скопје.

На видеото се гледа како полицајци запираат автомобил и од него брутално тегнат и тепаат луѓе.

Од МВР вчера изјавија дека внатрешна контрола го утврдил идентитетот на учесниците на настанот и дека се превземаат мерки за да се утврди што се случило.

Реагираше и Хелсиншкиот комитет за човекови права, кој најостро го осуди таквото однесување на полициските службеници и најави дека ќе поднесе претставка до специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Бруталноста на полицајците врз граѓаните Роми, ја осуди и премиерот Заев. Но, освен што само ја осуди не се забележува некој нов, посоодбетен пристап кон оваа маргинализирана група на граѓани. Сведоци бевме, како за време на пандемијата, струмичката невладина организација, која е блеска до него, им делеше пакети со храна, кои често знаjе да бидат со истечен рок. Освен да им се доделува милостина, на припадниците на ромската заедница најнеопходно им е нов пристап на државните институции, да ги третираат рамноправни со сите останати и да им се овозможи целосна интеграција во македонското општество.

Граѓаните и невладините организации се мобилизираат и го креваат гласот. Дојче Веле пишува дека, од невладината организација „Аваја“ на протест ја повикаа ромската заедница и невладините организации, со цел да не се повторат слики како оние кои што гивидовме вчера.

Коронавирус