сабота, 17. април 2021. Вести денес: 15
home Вести

Петров: Ќе се фотографираат лицата кои не носат маски во градовите каде се задолжителни

Петров: Ќе се фотографираат лицата кои не носат маски во градовите каде се задолжителни

Олабавувањето на рестрикциите во Македонија ќе биде во фази. Во првата фаза, ќе се намали времетраењето на полицискиот час, но задолжително сите ќе мора да носиме маски или марами, а ќе останат и мерките за забрана на групирања и задолжителна дистанца од 2 метри, објави потпреседателот на СДСМ Коста Петров.

Инаку задолжителното носење на маски/марами од среда се однесува на 3 града, а тоа се Прилеп, Куманово и Тетово.

-Во уредбата која треба да се донесе во врска со казнувањето, ќе стои дека првата недела ќе се даваат само опомени, дури потоа казни. Полицијата има обврска да има фотографија со која ќе ја оправда мандатната казна. Целта е да не се даде можност за казни без покритие. Многу важно, целта на оваа уредба, се разбира, не е казнување, туку обезбедување на пошироко почитување на правилата, пишува Петров.

Коронавирус