недела, 16. јануари 2022. Вести денес: 100
home Вести

Полицијата казни 566 возачи за брзо возење

Полицијата казни 566 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (25.11.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 566 возачи.

Од нив 75 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 284 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 282 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Коронавирус