вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 136
home Вести

Полицијата излегува на протест: Бараат враќање на професионализмот и подобри услови

Полицијата излегува на протест: Бараат враќање на професионализмот и подобри услови

Синдикатот на полицијата денеска со почеток во 17:45 часот организира протест за како што велат враќање на професионализмот во полицијата.

-Пред нас е историски момент можеби за прв пат во полицијата, да се искажува ваков револт, ваков вид на протест. Најнапред Ви се обраќаме на сите со цел сите заедно масовно да излеземе на протестот и да дадете својот придонес во остварувањето на правата пред се за достоинствен живот. Со Вашето присуство и дадена поддршка ќе бидеме на чекор пред остварувањето на нашите и Ваши барања за подобри услови за живот и работа. Од Вас зависи дали СЕГА или после некое „идно време“ условите ќе се подобрат или не, велат од СПМ.

Дел од барањата на Синдикатот се: Тендер за сите видови на униформа во полицијата, стоп за незаконските распоредувања, додаток за борбата против коронавирусот, нов Колективен договор во МВР, професионалци на чело во МВР, стоп за мобингот, пдобри услови и права за подобар живот, владеење на правото во МВР, стоп за пресметка со синдикалните претставници на СПМ, зголемување на платите во полицијата, признавање на СПМ во МВР.

Од СПМ ги повикуваат сите колеги да излезат на протестот и да дадат придонес во борбата за остварување на подобри услови и права во полицијата.

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) заедно со своите грански синдикати безрезервно информира дека го поддржува протестот на Синдикатот на полиција во Македонија, грански синдикат при КСС, кој ќе се одржи денес, информира претседателот на КСС Благоја Ралповски.

-КСС е против секоја форма на дискриминација и неправда кон работниците, против секоја форма не депрофесионализација и нарушување на достоинството на работникот и ги поддржува сите форми на синдикално делување кои водат кон унапредување на правата на работниците, како и борбата за сите стекнати права кои ни следуваат на нас како работници и синдикални лидери, а кои постојано ни се прекршуваат и погазуваат, изјави Ралповски.

Коронавирус