среда, 19. декември 2018. Вести денес: 0
home Вести

Полицијата го обиколи Собранието пред протестот, реагира Кризниот штаб

Полицијата го обиколи Собранието пред протестот, реагира Кризниот штаб

Од Кризниот штаб против промена на Уставот, велат дека пред Парламентот е поставена заштитна ограда на начин, како што велат, да го узурпираат просторот за луѓе кои денес ќе излезе на протест.

-Ја информираме јавноста дека министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски направи прва опасна провокација во врска со големиот јавен протест кој ќе се одржи пред Парламентот на Република Македонија. Министерот Спасовски за прв пат во историјата на протестите утрово нареди пред Собранието да се постави заштитна ограда, со цел да го узурпира просторот кој е предвиден за луѓето, се вели во соопштението на Кризниот штаб.

Од таму велат, Спасовски да ја повлече оградата во близина на Собранието, во спротивно тие не гарантираат безбедност ако народот се доведат во ситуација сами да ја тргнат оградата.

Во Собранието денеска продолжува расправата за уставните измени, за кои ќе се протестира пред парламентот.