четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 137
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ и денес протестира, блокада на три раскрсници, Влада, МНР и министерство за правда

home Вести

Полиција во центарот на Скопје ги избрка градежните работници, екс министер за финансии се скара со полицајците, тврди дека хотелот не е дивоградба

Полиција во центарот на Скопје ги избрка градежните работници, екс министер за финансии се скара со полицајците, тврди дека хотелот не е дивоградба

Денеска полицијата во центарот на Скопје избрка градежни работници од објект за кои велат дека нема дозвола за градба, објави тв 21.

Присутен беше и сопственикот Борис Стоjменов кој се скара со полицијата.

Имено, Стојменов е поранешен министер за финансии (28 ноември 1998 – 27 декември 1999) во Владата на Љубчо Георгиевски.

Тој за ТВ21 посочи дека хотелот не е дивоградба, а обвини и дека му бараат мито од еден милион евра за да можат да продолжат со работа.

„Четири години со платени комуналии, платено се, не може да градиме затоа што бараат милион евра мито. Не им давам мито“, порача Стојменов.

Коронавирус