недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 59
home Вести

Полицајката оствари средба со Спасовски, раскажа што се случило со Бекир Асани

Полицајката оствари средба со Спасовски, раскажа што се случило со Бекир Асани

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со полициската службеничка Јасмина Јаначковска, со цел лично да се информира за вчерашниот настан.

Полициската службеничка на барање на министерот Оливер Спасовски, непосредно го информира за сите детали во врска со вчерашниот настан во кој таа беше вербално нападната додека извршуваше работни задачи на крстосницaтa на булевар “Гоце Делчев” и улица “Филип Втори” во Скопје, соопштуваат од МВР.

При подигнување на патничко моторно возило “Ланд ровер” со скопски регистарски ознаки со специјално возило “пајак”, Јаначковска беше вербално нападната од сопственикот на возилото Б.А.

-Во текот на вршењето на редовна контрола забележав неколку возила кои се непрописно паркирани. Според процедурата, возилата ги фотографиравме, и започнавме со нивно подигање. Во тој момент пристапи едно непознато лице за кое подоцна разбрав дека станува збор за Б.А., и почна да вика. Веднаш повикав засилување и дојдоа поголем број полициски службеници- рече Јаначковска.

На прашањето од министерот дали имало било каков физички контакт и зошто полициската службеничка побарала медицинска помош, Јаначковска  објасни, дека со лицето Б.А. имала само вербална расправија, меѓутоа при повлекување од местото на настанот таа се удрила со левата рака во специјалното возило „пајак“, но не се здобила со посериозна повреда, што било констатирано и при лекарскиот преглед во ГОБ Св. Наум Охридски.

Министерот Спасовски и оддаде признание на Јаначковска за нејзиното професионално постапување и истакна дека ги охрабрува сите полициските службеници да постапуваат неселективно и професионално , согласно нивните  законските овластувања.

-Полициските службеници кои постапуваат професионално, од мене како министер и од целото раководство на МВР, ќе имаат целосна поддршка. Сите мора да бидат еднакви пред законот. Заврши времето кога некои беа поеднакви од другите-рече министерот Оливер Спасовски.

Коронавирус