петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 29
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против мафијата, за правда и слобода

home Вести

Полицајци нашле мало куче и го вдомиле во полициската станица во Аеродром

Полицајци нашле мало куче и го вдомиле во полициската станица во Аеродром

Невладината организација „Daisy Family Resque“ од Скопје објави фотографија на Фејсбук на која се гледаат тројца полицајци во униформа како држат мало куче во рацете.

Како што напишаа под фотографијата, полицајците се од полициската станица во Аеродром, а пред некој ден пронашле мало напуштено куче и го вдомиле на работа.

„Денес сакаме да ги поздравиме и да ги пофалиме хуманите и одговорни вработени од полициската станица во Аеродром. Нашле напуштено кутре, кое сега со многу љубов и грижа го чуваат во дворот на полициската станица каде е вдомено. Милото кутре има и своја куќичка и своја книшка. Се надеваме дека и останатите институции ќе го следат овој прекрасен пример и ќе помогнат на животните. Полицајци, секоја чест!“, се вели во објавата.

Коронавирус