четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Полицаец во Кочани спротивно на изјавата на Спасовски и Законот за полиција: Добил партиско вработување, па сега му се одолжува на СДСМ

Полицаец во Кочани спротивно на изјавата на Спасовски и Законот за полиција: Добил партиско вработување, па сега му се одолжува на СДСМ

Оливер Спасовски се поочигледно е дека останува глув на укажувањата од граѓаните дека полицајци вршат партиски активности спротивно на законот.

Изјавите на Оливер Спасовски во минатото дека полицајците не смеат да учествуваат во политичка пропаганда остануваат само празно негово ветување.

Доказ за кршење на Законот за полиција член 105 (2) кој гласи Полицискиот службеник со членувањето во политичка партија и со учество во нејзините активности не смее да го доведува во прашање непристрасното и законито вршење на полициските работи, е Борис Мишев ново примен полицаец во ПС Кочани.

Имено тој за да го „одработи“ работното место, спротивно на законот за полиција и препораките на министерот активно е вклучен во активностите на Оо на СДСМ Кочани.

Инаку тој е примен во МВР без оглас и е син на Марија Мишева која е висок партиски функционер на СДСМ во Кочани, како и претседателка на форумот на жени на СДСМ.