среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 121
home Вести

Полицаец се обидува да иницира инцидент на протестите на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид: Колеги нека ве нападнат (ВИДЕО)

Полицаец се обидува да иницира инцидент на протестите на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид: Колеги нека ве нападнат (ВИДЕО)

Колеги нека ве нападнат е пораката која полициски службеник, им ја упати на своите колеги на вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.

Порталот Охрид1 вчера објави видео на кое јасно се слушна повикот на полицицаецот кој се обидува да иницира инцидент.

До инцидент не дојде по реакцијата на претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Донев кој му одговори на полицаецот дека никој не сака да ги нападне и нема причина за тоа.

За потсетување ВМРО-ДПМНЕ трет ден по ред, ќе одржи протести во 10 градови. Од партијата велат дека протестите се оджуваат против новиот обид за продажба на националните и државни интереси од страна на Зоран Заев и Владо Бучковски.

ЕУРО 2020

Македонија