недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 39
home Вести

Покачување на плата пу-пу не важи, Филипче рече и порече

Покачување на плата пу-пу не важи, Филипче рече и порече

Венко Филипче во текот на месец март кажа дека ќе има зголемување за мартовската плата за 5% за сите вработени во јавно-здравствените установи. Ова го соопшти на 9 март на гостувањето на „Утрински брифинг“, објави Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

На 12 март на својот фб профил Филипче напиша:

„Тоа што од неодамна го реализиравме е зголемување на платите за 5% на вработените во здравствениот сектор започнувајќи со априлската плата, а се однесува на мартовскиот изминат месец. Продолжуваме и понатаму да ги дебатираме и унапредуваме економските и социјалните интереси на медицинските работници…“, пишува Филипче.

Здравствените работници на ден пред да земат плата, Синдикатот им соопшти дека покачување нема.

ЕУРО 2020

Македонија