среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Поголеми цените на угостителските услуги во декември

Споредено по групи на услуги зголемување е забележано во групата храна за 0,2 отсто.
Поголеми цените на угостителските услуги во декември

Цените на угостителските услуги во декември 2017 година, во споредба со ноември 2017 година, се зголемени за 0,2 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги зголемување е забележано во групата храна за 0,2 отсто.

Индекот на цените на угостителските услуги во декември 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0,9 отсто, додека кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги во текот на целата година е зголемен за 0,8 отсто, додека во однос на декември 2016 година е зголемен за 0,6 отсто.