понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 66
home Вести

Погледнете колку ќе биде новата плата на Елиф Елмас !

Погледнете колку ќе биде новата плата на Елиф Елмас !

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас наредниот период и официјално ќе го продолжи договорот со Наполи до 2025 година. Италијанските медиуми сега откриваат и колкав ќе е финансискиот ефект за Елмас од новиот договор со наполитанците.

Според „Раи“, платата на Елмас ќе биде зголемена за дополнителни 300.000 евра, па новата годишна плата на македонскиот бисер во следните пет години сега ќе биде 1,8 милиони евра. Италијанците откриваат дека во договорот ќе биде вметната и нова откупна клаузула но засега не е познато колку ќе изнесува истата.

Елмас во првата своја сезона во дресот на Наполи стигна и до првиот трофеј во кариерата освојувајќи го Купот на Италија.

Коронавирус