среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 111
home Вести

Погледнете го целиот скандалозен договор: Шилегов од парите на скопјани си купува ф’стаци, печеница и други производи вредни над 21.000 евра

Погледнете го целиот скандалозен договор: Шилегов од парите на скопјани си купува ф’стаци, печеница и други производи вредни над 21.000 евра

Додека огромен број на граѓани, како од сите градови, така и од Скопје, останаа без работа, живеат во сиромаштија и не можат да си ги дозволат ниту основните потреби, Петре Шилегов прави скандалозна набавка која чини многу, а ќе се исплати од џебот на скопјани.

За Град Скопје се нарачани апетисани, сувомеснати производи, сирења, чоколади… и за нив ќе бидат исплатени неверојатни 1.320.886,00 денари.

Според набавената количина Градската управа месечно ќе може да троши  по 11 килограми апетисани. Набавката се однесува за две години. На тендерот имало само еден понудувач. Освен ова, градот набавува и сувоместани производи и тоа свинска и телешка печеница, виршли и салами, врат, колбасици и вакумирани пилешки гради.

Од млечни производи овчо и кравјо сирење, јогурт со висока масленост, путер, овчи кашкавал и млеко. Конзерви риба и нарезак, јајца, ајвар, мед, мармалад , а набавени се количини и од овошје и зеленчук.

Погледнете што нарачува Град Скопје:

За овие производи ќе бидат исплатени огромни суми на пари, што е скандалозно расипнички трошење. Ништо од ова не е за потребите на граѓаните, туку за луксузирање и свој мерак.

КОЛКУ ПАРИ ЧИНИ СЕВО ОВА?

 

ЕУРО 2020

Македонија